Бизнис
3. April 2017 - 19:43

Се зголемува бројот на повреди и смртност при работа, се бараат измени на законот

Компаниите за заштита при работа бараат слободен пазар за услугите. Предлагаат наместо држвата, тие самите со клиентите да ги договараат цените за услугите.

Велат во сегашниот правилник  по кои треба да работат цените се исти за сите. Различни форми на услуги чинат исто пари. Со тоа се нарушува лојалната конкуренција и слободнио пазар.

Забелешки имаат и за тендерите. Освен цена не се гледа квалитетот.

Со еднакви цени за сите во прашање е доведена егзистенцијата на некои компании кои работата професионалн.

Во моментов 45 компании се занимаваат со  безбедност и заштита при работа. Законот со кој се регулира дејноста е донесен во 2007 година.

Според податоците на групацијата за безбедност и заштита при работа бројот на повреди и смртност не е намален. Поради тоа од групацијата велат дека се неопходни измени.