Џет-Сет
6. November 2015 - 14:24

Се збогува со пеењето? - Карлеуша со емотивна порака на Фејсбук!

Иако постојано е присутна во медиумите и јавниот живот, Јелена Карлеуша веќе долг период не снимила нова песна. Нејзините фанови со нетрпение очекуваат нешто ново, бидејќи нејзиниот последен албум е издаден во 2012 година. Поп дивата преку статус на Фејсбук се запраша дали после сите негативни коментари за неа има причина да продолжи со снимање.
 
Прочитајте го нејзиниот статус...
 
„Балканот бара мои нови песни
 
Во Србија, а и во регионот не постои уметник кој повеќе вложил во својата кариера, уметник кој имал продукциски подобри концерти, спотови, албуми, настапи, мултимедија... од мене. Исто така не постои уметник кој повеќе се трудел да го обезбеди најдоброто за публиката, да менува граници, создава трендови, да го донесе светот...од мене.
 
Секоја секунда, секој слика од мојата работа е она што со гордост може да се покаже во светот. И се што сум направила пред 3, 5, 10 години и понатаму на овие простори НИКОЈ не го допре. Во секоја смисла.
 
Јас сум единствениот поп уметник од овие простори кого целиот свет го познава. И почитува. Пишува, фали, ја повикува...Но... Не постои ниту човек, жена, уметник која е повече омаловажувана, навредувана, напаѓана, забранета. Мене Србија ми нанесе многу омраза и зло.
 
И сега, јас повторно треба, на сета таа омраза, да продолжам да вложувам и создавам, да правам нови песни, албуми и концерти. За повторно да преживувам линч и непочитување од страна на ѓубриња и несреќни платени суштества...?! Мене Србија ме уби со омраза. Мојата волја и мојата желба.“ , напишала пејачката
 
Карлеуша, веднаш по објавувањето на статусот добила бројни коментари како поддршка, многумина веднаш кометирале да едвај чекаат да слушнат нова песна од неа, а брзо потоа атрактината пејачка ја избришала објавата.