Свет
17. April 2019 - 16:10

Се застрела поранешниот претседател на Перу

Поранешниот претседател на Перу, Алан Гарсија се застрелал утрово , откако полицијата дошла пред неговата врата за да го уапси за обвиненија за корупција.

По инцидебнтот , Гарсија бил пренесен во болницата во местото Касимиро Улоа. Од болницата информираат дека поранешниот претседател е опериран и е во критична состојба.

Гарсија беше претседател во два мандата и тоа од 1985 до 1990 и од 2006 до 2011 година.

Истрагата утврдила дека тој примал поткуп иод бразилската градежна компанија ,,Одебрахт” за време на својот втор мандат , поврзана за метро линијата во Лима. Од самата компанија признаваат дека за мито исплатиле над 30 милиони долари.

Од друга страна, Гарсија тврди дека е жртва на политички прогон. Инаку , претходните четири претседатели на Перу се под истрага за корупција , додека петтиот , Алберто Фуџимори е во затвор за примање мито.