-->
-->
Се засилија Стоук и Евертон
-->
Стоук Сити го реализираше трансферот на Џанели Имбула за сума од 18,3 милиони фунти. Стоук го собори клупскиот трансфер рекорд, а Имбула со тимот од „Британија“ стадионот потпиша петгодишен договор.
Имбула (23) е француски интернационалец, кариерата ја започнал во Генган, а на почетокот на сезоната од Марсеј се пресели во Порто за сума од 15 ,1 милиони фунти.
Оваа сезона, Имбула, одигра 21 натпревар за Порто, вклучувајќи ги двете средби со Челзи во Лигата на шампионите.
Поради трансферот на Имбула, Стоук, го врати во Челзи Ван Гинкел кој како позајмен настпуваше во тимот на Марк Хјуз. Челзи веднаш Ван Гинкел го испрати на позајмица во ПСВ Ајнховен.
Ново име во вториот дел од сезоната ќе има и во тимот на Евертон, тоа е Сенегалецот Умар Нијасе, кој на „Гудусон Парк“ дојде од Локомотив Москва. Евертон за трансферот на напаѓачот плати 13,5 милиони фунти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност