Живот
23. September 2016 - 10:02

Се започна како една обична свадба а потоа младоженецот го извади својот ЏИНОВСКИ ПИТОН

Иако многумина за време на склопување брак разменуваат бурми или други скапоцени подароци, никаде не пишува дека таквиот обичај мора да се испочитува.

Наместо прстени, двајцата младенци од Кина на својата свадба си разменија питони.

Невестата на младоженецот му дала женка питон тежок 15 килограми, а тој на неа мажјак од 30 килограми.

Тие двајца се активисти во здружението за заштита на животните, кои овие две змии ги спасиле  и посвоиле, поради што и питоните толку многу им значат.

Маѓутоа бидејќи кинескиот закон не дозволува чување на диви животни во домашни услови, змиите се конфискувани и однесени во центар за диви животни во градот.