Балкан
20. September 2017 - 20:16

Се запалила зошто ја оставила девојката: Андрија пред месец дена се обидела да се самоубие, со пораки на Фејсбук ја најавила трагедијата

Девојката која се полеа со бензин и се запали пред Зрењанинскиот пат кај Борча го направила тоа поради изгубената љубов.

Неверојатни детали излегоа по трагичната смрт на девојката за која се трагаше последните три дена, и тоа самонеколку часа откако нејзиното јагленисано тело е пронајдено длабокото во нива.

Извори блиски до нејзиното семејство говорат дека Андријана имала суицидни намери и пред овој обид. Било тоа пред месец дека, и тогаш како и сега, причина било непрежалена и невозвратена љубов.

Имено, дознаваме дека А.П. била во врска со девојка, која неодамна ја оставила. Не можела да помине преку тоа, заминала од станот каде со неа живеела три дена пред тоа, и во нива во близина на Зрењанинскиот пат решила да си го одземе животот.

Лицата блиски до настраданата укажуваа и на нејзините активности на социјалните мрежи, каде често оставала потресни статуси, што се поклопува со прекинот на љубовната врска.

Ова е една од последните:

„Поради тебе времето ќе го запрам за миг, да ми кажеш дека и ти мене ме сакаш.

Едноставно сакам да ти пружам љубов која ти недостасува.

Душо, само да се будам со тебе“.