Македонија
1. December 2022 - 12:16

Се запали трафостаница во Струмица

– Денеска околу 10 часот се запали трафостаница во Струмица на улицата „Ристо Ќурчиев“, на која е причинета материјална штета.

Според информацијата од ТППЕ Струмица, во гаснењето учествувале едно против пожарно возило и тројца пожарникари. Тие го исгаснале пожарот откако од страна на ЕВН бил исклучен системот за напојување.

Пожарот бил брзо изгаснат и не е дозволено негово проширување.

Причините за пожарот дополнително ќе се испитуваат.