Македонија
14. January 2016 - 15:45

Се запали парен котел од ресторан во Кавадарци

Се запали парен котел од ресторан во Кавадарци, екипа на Територијалната противпожарна екипа е сеуште на терен.

- Со четворица пожарникари и две противпожарни возила реагиравме навреме и успеавме да го локализираме пожарот. За среќа пламените јазици не го зафатија ресторанот, рече командирот на пожарникарите Илчо Богевски.

Тој нагласи дека засега не се знаат причините за пожарот.