Македонија
27. November 2020 - 8:45

Се запали оџак од куќа во Кавадарци, пожарникарите спречија огнот да не предизвика поголеми штети

Се запали оџак од куќа синоќа во центарот на Кавадарци. Пожарникарите спречија огнот да не предизвика поголеми штети.

– Работата беше сериозна бидејќи пожарот имаше зафатено и дрвени греди од кровот на куќата, поради неправилно изведен оџак. На лице место бевме тројца пожарникари со две противпожарни возила. Не дозволивме огнот да направи штети врз куќата и да се прошири на другите куќи лепенки, изјавија утринава од Територијалната противпожарна единица Кавадарци.

Пожарникарите останале подолго време на терен, за да бидат сигурни дека огнот е целосно изгаснат.