Македонија
19. January 2019 - 19:10

Се запали котларата за парно греење во Психијатриската болница во Скопје

Во Јавната здравствена установа-Психијатриска болница-Скопје вчера утрото настанал пожар, при што била опожарена котларата за парно греење.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а повредени лица нема. Извршен бил увид.