Македонија
13. July 2020 - 12:34

Се запали комбе во близина на магистралниот пат Кичево – Осломеј

Пред околу половина час на паркингот на шопинг центарот „Гара” во близина на магистралниот пат Кичево – Осломеј се запали комбе со кое се разнесува леб.

Возачот на комбето навреме излегол од возилото, а причинета е само материјална штета. Во гасењето на пожарот интервенирала екипа на ТППЕ Кичево, која спречила огнот да ги зафати возилата што биле во близина на комбето. На местото пристигнале полициски службеници и амбулантно возило.