Балкан
13. January 2019 - 14:40

„Се запали гума под нашите седишта“, патник раскажува што се случувало во автобусот полн со ученици од Сплит

Гума се запали под нашето седиште. Се слушна како пукна, а потоа видовме оган. Брзо излеговме од автобусот и ги извадивме куферите. Во возилото останаа некои ранци со лични документи, раскажува еден од патниците кој бил во автобусот со средношколците од Хрватска кој вчера се запали во тунел во Швајцарија.

За среќа, никој не е повреден, а патниците биле однесени во противпожарната станица каде дел од нив го пријавиле и губењето на документите.

„24сата“ пишува дека полицијата на контактирала хрватската амбасада која издала потврда дека лицата може да ја поминат границата, по што тие тргнале кон Штип.

Водичот на патувањето изјавил дека автобусот со 52 патници се враќал од скијање кога моторот се запалил додека возилото било во движење, а по брзата реакција на возачот сите биле евакуирани.

Според водичот, 48 од патниците биле средношколци. Возилото е целосно изгорено, а спасени се 80 проценти од багажот.