Македонија
15. September 2021 - 17:26

Се запали автомобил во Скопје, од пожарот зафатен и друг автомобил и фасада од стан

МВР информираше дека синоќа во 03:10 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачје на Карпош настанал пожар во патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на фирма од Скопје.

Од пожарот биле зафатени и возило „голф 4“ со штипски регистарски ознаки и дел од фасада и еден прозор од стан Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, а повредени лица нема.