Македонија
3. November 2017 - 14:04

Се запали автомобил во движење во Бутел, бил на општината

Вчера околу 12.00 часот на ул. „Бутелска“ во Скопје, од непознати причини, во движење се запалило патничко возило „Пежо 406“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на општина Бутел.

Возилото било опожарено во пределот на моторот, а било изгаснато од случајни минувачи.

Повредени лица нема.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.