Македонија
5. August 2019 - 19:52

Се запали автомобил на српски државјани на патот Миравци - Смоквица

Вчера во 14,10 часот во Полициската станица Валандово, било пријавено дека на делницата Миравци-Смоквица, имало опожарено патничко моторно возило. Имено, додека И.Д. (39) од Р.Србија, управувал патничко моторно возило марка „БМВ 320 ГТ“ со српски национални ознаки, по автопатот Скопје - Гевгелија возилото почнало да ја губи брзината, по што се паркирал на лентата за принудно запирање и забележал чад од возилото, а потоа и пламен.

Пожарот бил изгаснат од противпожарна екипа од Гевгелија.

Од полициски службеници од Полициската станица Гевгелија извршен бил увид на местото на настанот.