Свет
19. July 2016 - 9:29

Се запали автобус полн со туристи: Загинаа најмалку 26 лица

Дваесет и шест лица загинаа денеска во автобуска несреќа во Тајван, соопштија тајванските власти.

Според првичните информации, автобусот, што се движел по фрекфентниот автопат кон аеродромот во близина на престолнината Тајпеј, удрил во оградата од магистралата и се запалил.

Најголем дел од жртвите, дури 24, биле туристи од градот Далјан во североисточна Кина, од кои 16 биле жени и осуммина мажи, а загинале и нивниот водич и возачот на автобусот.