Балкан
23. May 2017 - 9:20

Се заколна на гробот на синот: Мајка ќе ја истера правдата, ако државата не сака!

Не е праведно, леле, Гане...Нема да се предадам, ќе се борам до крај, кукаше неутешната жена, чиј син Драган (22) се самоуби откако брутално го претепаа двајца насилници Саво Павловиќ и Предраг Милошевиќ.

Потресни сцени на гробот на трагично починатото дете. Неутешната мајка повторува дека за се се виновни насилниците од чие мачење Драган никогаш не се опораваи и се колне дека ќе го одмазди своето дете.

Драган цели три години по бруталното претепување во обложувалницата во Краљево врескал во сон: „Пуштете ме, пуштете ме!“.

Помладиот брат на гробот ги донесе омилените копачки на својот заштитник.