Балкан
29. July 2016 - 12:21

Се заканува дека ќе се запали: Драган се затворил во станот и се полеал со бензин!

Драган Арсиќ од Лесковац се посипал со бензин и се заканил дека ќе се запали, бидејќи извршители дошле да го исфрлат од станот.
 
На лице место пристигнале и полицјци и пожарникари, а голем број од соседите го поддржале овој човек.
 
Тој го купил станот од сопственик кој имал долг за судски трошоци околу 400.000 денари. Грешката е што Драган не го регистрирал станот на свое име, иако потпишал договор за купување и сметките стигаат на негово име.
 
- Приватни извршители го продале овој стан уште н 3. јули на аукција, поради долг. Не ни знаевме дека е продаден станот во кој живееме и за кој ги имаме сите соодветни документи заверени на нотар, - вели жената на Драган.
 
Александра Антиќ, приватен извршител им наредила на полицајците да им забранат на новинарите да снимаат.