Македонија
24. May 2022 - 12:27

Се загадува струшко поле со фекалии кои се излеваат од колекторскиот систем кај село Франгово

Се загадува струшко поле.Веќе неколку дена фекалии се излеваат од колекторскиот систем кај село Франгово.Граѓанските активисти се жалат дека ваквата појава може да влијае врз здравјето на луѓето а поголема е опасноста бидејќи во непосредна близина се наоѓа главнот водовод од каде стружани се снабдуваат со вода.

Од ЈП Колектор пак велат дека причина за ваквата состојба се дивите приклучоци и нелегалните градежни активности во овој реон.

Од ЈП Колектор најавија дека извршиле снимање и испратиле допис до сопствениците и инспекторите на општина Струга а помош во однос на нелегалните градби кои го оштетуваат колекторскиот систем ќе се бара и од Народниот правобранител.