Се враќа нова Нокиа 3310 - Еве колку ќе чини
Легендарната Нокиа 3310 се враќа. Страницата „Али Експрес“ најави дека во следните неколку дена во својата понуда ќе има целосно нови Нокиа 3310 по цена од шест евра.
Популарниот телефон што своевремено предизвика револуција на пазарот, може да се нарача со посредство на компанија во Сингапур.
На испорака се чека три до четири недели, а купувачот е ослободен од поштарина.
Овој класичен мобилен телефон од 90-тите години, за кој се веруваше дека може да преживее и апокалипса, освои милиони корисници низ целиот свет со својата издржливост, едноставнсот за користење и големина.
Освен екран осветлен во зелена боја, Нокиа 3310 има и именик со 250 контакти, 35 мелодии, часовник, стоперка, аларм и дигитрон, а батеријата за разлика од денешните смартфони трае цела недела.
Ново на Сител
-
Заев: Придавката „македонски“ ниту порано, ниту сега не е проблем - Идентитетските прашања не се разговараат
-
Ќе има ли ново работно време за угостителските објекти, што препорачуваат здравствените авторитети
-
Серија А: Победи на Јуве и Џенова
-
Тема на денот: Кои се можностите на опозицијата за спречување на пописот
-
Може ли Македонија да се заштити од новата мутација на Ковид-19?
-
Законот за попис заглави во кабинетот на Пендаровски
-
Брнз: САД се разочарани од ветото на Бугарија, Македонија е подготвена за преговори
-
Живеат на 15 километри од Скопје, немаат безбедна вода за пиење, а плаќаат сметки