Бизнис
2. October 2015 - 20:12

Се враќа интересот кај граѓаните да се греат на парно

Скопјани полека му се враќаат на парното.  Дневно се поднесуваат до 50 барања за приклучок.  Од БЕГ очекуваат , до почетокот на грејната сезона околу  1. 000 домаќинства,  кои гоимаа откажано, повторно да се вклучат на мрежата. 

Цената е главната  причина ,поради што  дел од граѓаните се предомислија  да се вратата на градското парно, велат од БЕГ.

- На крајот на јули, регулаторна пресмета нови цени на парното, со минимално поевтинување во августовските сметки ,одлучи  од  оваа  сезона,  домаќинствата  да се грејат еден час плус и за тоа да не им биде наплатено. Топланите наместо во 21, ќе се гасат во 22 часот.

Домаќинствата приклучени на БЕГ добија поевтинување за 0,19 отсто, за приклучените на Елем Енергетика со калориметар , намалувањето е за 4 проценти , поскапување добија оние без мерачи и тоа за 1 отсто. Значително поевтинување добија индустриските корисници, училиштата и градинките.

Само за прикчучените на топланата Скопје Север  остана да важи  ланската цена.

И покрај поплаките,  искчлучлените домаќинства останува да плаќаат 26 отсто од цената која би ја плаќање ако би биле уклучени на мрежата.

Грејната сеозна почнува  на 15 ти октомври.