Џет-Сет
8. May 2018 - 10:31

Се вери македонскиот пејач

Македонскиот поп-пејач Зоран Илиев ја побара својата девојка за жена, а тоа го стори во манастирот Св. Преображание во Крушево. Убавата вест пејачот ја сподели на својот Инстаграм профил, по што следеа мноштво честитки и убави желби за младите.