Македонија
22. July 2021 - 12:20

Се утврдуваат причините за големиот пожар во О. Карбинци

Претпладнево се уште чади во атарот на неколку села во општина Карбинци, како последица од вчерашниот голем пожар, но засега нема опасност повторно да се активира, смируваат од противпожарната единица. Евидентно е дека е направена голема материјална штета, Изгореа две викенд куќи, во едната семејството беше навремено евакуирано, меѓутоа вилата е пеплосана, како и малиот бизнис за одлгледување ретки билки. Според мешатните, пожарот избувнал во близина на трафостаницата. 

Пријавувано е дека жиците прават спој, тие не преземаа ништо. Сега пак овде –изјави Ангел Тасев, жител на О. Карбинци. 

Од локалната самоуправа ќе испратат писмо до ЕВН, во кое ќе бараат да се санираат паднатите електрични столбови во селата Оџалија, Прналија и Припечани, кои се потенцијална опасност за избувнување на пожари. Сепак, градоначаланикот Јордан Насев смета дека не смее да се избрзува со покажување на прст кон можниот виновник, се додека последниот збор не го каже истрагата. 

Во овој момент не би можеле да кажеме, но органите на прогонот треба да извршат увид и да кажат која е причината - изјави Јордан Насев, градоначалник на О.Карбинци.

Пред само 15 дена во оваа општина во пожар изгоре жито, повеќегодишни овошни и лозови насади и дрвја на вкупна површина од 200 ха. Земјоделците пријави поднеле до општинската Комисија за утврдување на штети.

Околу 70 пријави досега се пристигнати и во споредба со овој пожар во тој дел немаме толку штета, колку што имаме во друга материјална штета, две викендици се опожарени, помпна станица, фотоволтаична централа од 15KV – додаде Насев.

Комисијата само ја утврдува висината на штетата, а обештетувањето ќе се врши преку осигурителните компании и други служби кои вршат осигурување на имот и лица од пожари и други непогоди.