Македонија
6. January 2017 - 10:29

Се уште затворени неколку патни правци, „Македонија пат“ лавовски се бори со снежното невреме

Според извештајот на АМСМ од 10.15 часот прекин на сообраќјот има на следните патни правци: 
 
- Oд 08.00 часот сообраќајот на патниот правец Валандово - Стар Дојран и обратно на м.в.Бела Барака е во прекин во двата правци поради наноси од снег. 
 
- Денес од 04:45 часот на Автопат Велес-Скопје од наплатна станица „Отовица“ до Кула воопшто не е во можност одвивање на сообраќајот каде има заглавено повеќе возила.
 
- На регионален пат Тетово - Јажинце кај с.Јажинце поради обилни врнежи од снег сообраќајот е во прекин.
 
- Денес од 06:00 часот на магистралниот пат А-3 Штип -Кочани поточно од с.Крупиште до бензиска пумпа „Ваго“ поради чистење на снежни наноси сообраќајот е во прекин.
 
- Патнит правец од Штипсака петља до Катланово целосно е затворен за сите видови на патнички и товарни возила.
 
ЗАБРАНИ ЗА СООБРАЌАЈ: Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Стража, Маврово, Пресека, Ѓавато, К.Паланка – граничен премин Деве Баир, Струга – Ќафасан , Катланово - Велес и обратно.
 
НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ: Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е отворен за сообраќај само за патнички возила по една коловозна лента.
 
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и во зимски услови, по влажни коловози и со остатоци од снег по коловозите по интервенција на екипите на Македонија Пат.
 
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Д. Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.