Македонија
23. April 2021 - 12:28

Се уште висок број на хоспитализирани во Охрид и Струга

Третиот бран на коронавирусот еден од најтешките за здравствените работници. Голем предизвик од организационен, технички, персонален аспект, каков не памети историјата на охридската болница. И покрај тоа што бројот на новозаболени на Ковид-19 се намалува сепак сеуште голем е бројот на хоспитализирани лица и тоа претежно млади кои се на кислородна подршка.

Како во охридската така и во струшката болница се прават ротации на целиот персонал без да се запостават оние пациенти кои не се заболени со Ковид-19.

Здравствените работници велат дека пандемијата ќе испише ново поглавје во медицината. Голем број на пациенти имаат пост ковид последици врз здравјето.Инаку моментално во Охрид има 825, додека во Струга 222 позитивни лица.