Македонија
26. January 2019 - 17:12

Се уште трае неиззвесноста дали со претседателските ќе се одржат и предвремени парламентарни избори

Ниту вчерашниот Централен одбор на СДСМ не го даде одговорот на прашањето дали заедно со претседателските ќе се организираат и предвремени парламентарни избори. По 4 часа во големата сала на Бихаќка, партискиот генерален секретар излезе пред медиумите за да каже дека до крајот на идната недела ќе се знае дали на стартот од пролетта ќе имаме двоен изборен процес

Кирацовски рече дека власта одлучила конечниот став за својот претседателски кандидат да го донесе на партискиот Конгрес закажан за 3 март.

За ВМРО-ДПМНЕ вчерашниот Централен одбор на СДСМ го покажал стравот кој владее на Бихаќка

Од опозицијата уште еднаш предупредија дека власта свесно одолговлекува со предвремените избори за да се избегнат роковите за пржинска влада.

Од ВМРО-ДПМНЕ и денеска не сакаа да го коментираат процесот за избор на кандидат за Претседател. Од партијата велат дека се до конвенцијата на 16 февруари во Струга нема да излегуваат со имиња на потенцијални кандидати.