Бизнис
18. January 2019 - 20:25

Се уште нема одлука дали исклучените ќе плаќаат паушал

Се уште нема одлука дали исклучените од парно ќе плаќаат паушал или не. Се чека студијата на МАНУ која ќе утврди дали овие лица треба и понатаму да добиваат сметки. Ако се укине надоместокот загубите за Бег би биле околу милион и 100 илјади евра годишно. Од регулаторна велат дека без разлика каква одлука ќе биде донесена домаќинствата кои го користат градското парно ќе бидат заштитени.

Од Бег пак посочија дека и тие ќе продолжат да работат според правилникот кој ќе го донесе регулаторот.

Испораката на топлинска енергија и фактурирањето до секој краен потрошувач се врши по строго утврдени правила за снабдување со топлинска енергија, кои компанијата уредно ќе ги почитува согласно обврските кои произлегуваат од лиценцата.

Исклучените  бараат Регулаторна што поскоро да го донесе новиот правилник за снабдување со топлинска енергија.

Околу 12.000 домаќинства се исклучени од градско парно.