Бизнис
26. November 2018 - 19:41

Се уште има вработени по рамковен кои земаат плата за да седат дома

Вработени по рамковен сеуште седат дома, а земаат плата. Дел од нив потпишале согласност  за распределба на работно место, но  158 одбиле.  Тие сепак ќе добијат  нова прилика.  Ако и по втор пат ја одбијат понудената работа ќе останаат без платата која со години ја добиваа.

Првата група на административни службеници предвидува распределба на вкупно 958 лица. Од тие, околу 800 потпишаа согласност за распределба на предвидено работно место. Постапката за трансфер за завршена за 250, додека за другите се вршат финалните процедури. Во тек е и подготовка на планот за распраделбе на втората фаза на административни службеници , се вели во дописот од секретаријатот за спроведување на рамковен договор.

Министерот Манчевски уверува дека догодина нема да има административци кои ќе седат дома, а ќе земаат плата.

Сеуште не се зане ниту колку од буџетарите ќе преминат на работа во приватниот сектори. Но посочи дека ако реформите во администрацијата не испорачаат резултати може да биде одложено покачувањето на платите кое е предвидено за септември догодина.

Буџетот на министертвото за следната година ќе тежи 24 милиони евра. Најголем дел од парите се наменети за МРТВ, македонска радио дифузија и за Авму- агецијата за аудио и аудиовизуелни медиумкси услуги.