Свет
13. March 2019 - 13:35

Се урна зграда во Лагос, се стравува дека десетици деца се мртви

Се стравува дека десетици деца се мртви откако денесе се урна трикатна зграда во нигерискиот град Лагос, во која имало и училиште.

Портпаролот на националната служба за вонредни ситуации Ибрахим Фаринлој рече дека засега нема точна бројка за загинатите во инцидентот.

На најгорниот кат функционирало основно училиште, а објектот бил користен и за домување и во него имало неколку апартмани. Локалните медиуми информираат дека под урнатините на зградата се заробени голем број лица, меѓу кои и околу 100 деца.