Loading Video...
Свет
25. September 2020 - 16:42

Се урна српски воен авион, загинаа двајцата пилоти

Српски воен авион Миг 21 со екипаж од двајца пилоти утрово се урнал при извршување редовна задача за летање. При падот на авионот во селото Брасина кај Лозница загинале двајцата пилоти а со повреди завршил еден жител во чиј двор се случила несреќата. Српското министерство за одбрана соопшти дека авионот бил исправен и дека истрагата треба да открие што се случило. Леталото било користено 34 години.

Специјалци на ЕУЛеКС , маскирани и вооружени со автоматско оружје упаднаа во канцелариите на Здружението на воени ветерани на ОВК во Косово и го уапсија претседателот на тоа здружение, Хисни Гукати.Причината за неговото апсење не е наведена соопшти портпаролот на здружениото. Вчера во слична акција беше уаспен екс шефот на разузнавањето на Безбедносните сили на Косово и командат на ОВК Салих Мустафа, кој е првиот од над 300 осомничени за воени злосторства за време на косовската војна од 1998-99 против кого е официјално подигнато обвинение од страна на мегуанродниот суд за Косово.

Најмалку 4 лица се повредени во напад со мачета во Париз, во близина на поранешните канцеларии на францускиот сатиричен магазин Шарли Ебдо. Осомничениот е уапсен обајви полицијата. Во тек е истрага за нападот кој се случи во време кога во Париз се води судењето од висок профил на 14 лица обвинети за помагање на напаѓачите во редакцијата на Шарли Ебдо во 2015 година. Во терориситчкиот напад беа убиени 12 лица.