Свет
3. July 2017 - 8:32

Се урна спасувачки хеликоптер, загинаа осум лица

Осум лица загинаа денеска во централниот дел на индонезискиот остров Јава, при уривање на хеликоптер кој учествувал во акција за евакуација на луѓе од реонот во близина на еден активен вулкан. 

Како што соопшти полицијата, сите загинати лица се наоѓале во хеликоптерот од типот „Дофин АЦ-365“ во време на падот. 

Хеликоптерот се урнал три минути пред да пристигне до палтото Диенг, каде вчера еруптураше вулкан, при што се повредени 10 лица. 

При ерупцијата од вулканот беше исфрлена лава и пепел на височина до 50 метри. Поради ерупцијата властите ги повикаа локалните жители да ги напуштат своите домови.