Свет
13. October 2019 - 14:54

Се урна хотел во Њу Орлеанс, две лица загинаа

Најмалку три лица се хоспитализирани откако се урна дел од хотел во изградба во Њу Орлеанс.

Според извештаите на локалните медиуми, повредени се повеќе луѓе.

Голем дел од хотелот Хард Рок кој е во изградба ненадејно пропаднал, извести АП.

Наводно, горните катови почнале да се уриваат до долните катови од едната страна од зградата.

Засега не е познато зошто е срушен делот од хотелската зграда што требаше да се отвори следната пролет.