Свет
16. August 2016 - 19:26

Се урна хеликоптер: Нема преживеани

Две лица загинаа кога се сруши хеликоптер на западот на Чешка, соопшти полицијата во таа земја.

Портпаролот на регионалната противпожарна служба Стефан Ливинг истакна дека двете загинати лица биле и единствените во хеликоптерот, пренесе АП.

Портпаролката на полицијата Хана Стефлова кажа дека хеликоптерот паднал околу 15:30 часто по локално време во близина на селото Казнејов, која е на 100 километри од Прага.

Двете жртви се од машки пол, но сеуште не се идентификувани, кажа другата портпаролка Мартина Корандова.

Официјалните лица велат дека во моментов не се познати други детали за несреќата.