Свет
18. August 2016 - 20:10

Се урна американски воен авион, пилотот се катапултирал

Американски воен авион се урна денеска во близина на Лас Вегас. Пилотот успеал да се катапултира, јавија американски медиуми.

Инцидентот се случил во близина на воена база Нелис и комплексот за мото-трки Лас Вегас Мотор Спидвеј.

Официјални лица од базата Нелис соопштија дека се води истрага за инцидентот со авионот.