Свет
24. јуни 2021 - 11:45

Се урна 12-катна станбена зграда во близина на плажата Мајами, се стравува дека бројот на жртви е огромен

Рано утрово се урна 12-катна станбена зграда во близина на плажата Мајами.

Зградата се сруши околу 2 часот по полноќ по локално време. Во тек е операција за спасување. Се стравува дека има многу жртви и дека голем број луѓе се заробени во урнатините.

Повеќе од 80 пожарникари и спасувачи трагаат по повредените.

На социјалните мрежи, вознемирените граѓани споделуваат снимки на кои се гледа планина од урнатини.

Во моментов не е познато што предизвика уривање на зградата.