Се уриваат рекорди со бројот на заразени од Ковид-19
Бројот на заразени лица со новиот коронавирус секој ден урива рекорди, како во Европа, така и во остатокот од светот.
Алармантни податоци пристигнуваат денеска од Германија, Бугарија и Словенија, а експертите во Хрватска тврдат дека бројките се толку високи што не можат да стигнат да ги обработат податоците. Русија регистрира најголем дневен број на починати лица.
Повеќе земји, меѓу кои Белгија, Ирска и Велс, воведоа целосен карантин, вонредна состојба е прогласена во Шпанија и Италија, додека во Чешка е воведен полициски час.
Бројот на починати пациенти во Украина од Ковид-19 денеска изнесува 165, што е најцрн биланс од почетокот на пандемијата. Кризниот штаб соопшти дека во изминатите 24 часа се потврдени 7.474 нови случаи, со што Украина досега регистрирала вкупно 363.075 заболени и 6.755 починати.
Во Чешка е забележан рекорден број од 15.663 новозаболени лица со коронавирус за еден ден, а во Хрватска во изминатото деноноќие се забележани повеќе од 2.300 инфицирани лица.
Во изминатите 24 часа во Бугарија се потвредни 2.569 нови случаи на коронавирус, што е втор ден по ред земјата да бележи рекорден број на заразени. Во истиот период починаа 25 луѓе како последица на Ковид-19.
Според неофицијални информации од медиумите, во Словенија во изминатите 24 часа се регистрирани рекордни 2.605 нови случаи на коронавирус. Во земјата од вчера се во сила нови мерки, кои вклучуваат забрана за движење меѓу општините, која ќе важи на територијата на цела држава.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.