Свет
17. April 2017 - 9:11

СЕ: Турското раководство треба внимателно да ги разгледа следните чекори

Турското раководство треба внимателно да ги разгледа следните чекори, се наведува во изјавата на генералиот секретар на Советот на Европа, Торборн Јагланд.

- Турските избирачи гласаа за измени на Уставот. Со оглед на блискиот резултат, турското раководство треба внимателно да ги разгледа своите следни чекори, се вели во изјавата на Јагланд.

Тој ги повика властите во Турција да обезбедат независност на судскиот систем во согласност со принципите на владеење на правото, содржани во Европската конвенција за човекови права.

Јагланд нагласи дека СЕ, во кој Турција членува од 1949 година е подготвен да и даде поддршка на Анкара по тоа прашање.