Живот
29. July 2018 - 21:01

Се тргнало наопаку: Се породувала дома според упатства од ЈуТјуб и искрварила до смрт

Младата Индијка Критига (28) починала откако решила да се породи дома, во селото Ратнагирисвараро, во сојузната држава Тамил Наду на југот од Индија, со тоа што би и помагал сопругот.

Критага била учителка, а мажот работел во фабрика за облека. Никој од нив немал никакво медицинско познавање освен снимка со упатства од ЈуТјуб.

Тие двајца веќе имаа тригодишно девојче, па бидејќи тоа породување поминало без никакви компликации, мислеле дека јуТјубот ќе биде доволен за безбедно породување во домашни услови. Ја гледале снимката „Како да и се помогне на бремена жена“(How to help pregnant women"), но на таа снимка не се објаснува што треба да се прави во случај родилката да не ја исфрли постелката.

Сопругот не и бил од никаква помош зошто ништо не знаел за акушерство. Несреќната млада мајка така искрварила до смрт и зад себе оставила две мали деца: тукушто роденото девојче, кое е здраво и нејзината тригодишна сестра.

Полицискиот портпарол потврди дека сопругот веднаш по породувањето ја однел во болница, но веќе вило доцна - лекарите можеле само да констатираат смрт.

„Сопругот ќе биде испитан во врска со нејзината смрт“ - додаде портпаролот на полицијата.