Свет
20. August 2018 - 8:39

Се тресеше цел ден: Серија катастрофални земјотреси ја погоди Индонезија, неколку загинати, урнати куќи и згради

Најмалку пет лица загинаа вчера при новите земјотреси крај индонезискиот остров Ломбок, информираа локалните власти. 

Тие соопштија и за бројни урнати згради и панични сцени.

Две лица загинаа во Ломбок, а три на соседниот остров Сумбава.

Земјотрес со интензитет од 6,3 беше регистриран вчера изутрината источно од Ломбок, а вечерта уште еден посилен со интензитет од 6,9. Нема предупредување за цунами.

Околу 500 лица загинаа, а неколку илјади беа повредени, при серија земјотреси крај Ломбок на крајот на минатиот и почетокот на овој месец.

Според првични податоци, материјалната штета се проценува на 348 милиони долари.