Свет
22. јуни 2017 - 17:09

Се тресе тлото, регистриран нов земјотрес

Земјотрес од 6,8 степени според Рихтер беше регистриран на брегот на Гватемала. Геолошкиот институт на САД соопшти дека епицентарот на потресот се наоѓал на 38 километри југозападно од гватемалскиот град Пуерто Сан Хозе, на длабочина од 10 километри под површина на земјата.

Жителите на Гватемала Сити биле во паника поради земјотресот и засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.