Се топи снежната покривка во Лазарополе, Маврово и Крушево
Сончевото време со натпросечни температури за овој период од годината предизвика топење на снегот во Лазарополе каде висината на снежната покривка е седум сантиметри, во Маврово пет сантиметри, во Крушево четири и во Тополчани еден сантиметар.
Утринава времето е сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер, а по одделни котлини, вклучувајќи ја и Скопската, има слаба магла или заматеност на атмосферата. Температурата ќе се движи од 6 до 13 степени.
Во Скопје денеска ќе преовладува слично време со температура до шест степени.
Најстудено е утринава е во Берово каде се измерени -5 степени, а најтопло во Дојран каде минималната температура изнесува два степена.
Стабилно и суво ќе биде до вторник. Во поголем дел од државата дневните температури ќе бидат над просекот за овој период. Најсончево ќе биде утре, а од недела ќе има умерена до значителна облачност. По котлините, вклучувајќи ја и Скопската, ќе има појава на магла и ниска облачност, особено од недела, а дневната температура ќе остане пониска.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација