Живот
16. September 2016 - 9:26

Се топи: Арктикот останува без мраз веќе во летото 2030 година

Мразот на Арктикот ова лето се намали на второто најниско ниво откако научниците почнаа да ја следат неговата состојба по пат на сателит, што, како што се наведува, е уште еден застрашувачки сигнал на глобалното затоплување.

Како што јавија медиумите, Националниот центар за податоци за снегот и мразот во Колорадо соопшти дека мразот во саботата ја достигнал најниската точка ова лето со 4,14 милиони квадратни километри, а помалку изнесуваше само 2012 година - 3,39 милиони квадратни километри.

Директорот на Центарот, Марк Серез, рече дека не би бил изненаден ако Арктикот остане без мраз во лето до 2030 година, што би влијаело на меѓународната безбедност.

Тој додаде дека  е  зајакнат целокупниот надолен тек и дека нема знаци на заздравување.