Македонија
26. September 2020 - 20:42

Се судриле две возила, тројца повредени меѓу кои и една малолетничка

На 25.09.2020 околу 17.20 часот на регионалниот пат Штип-Велес се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „цитроен“, без регистарски ознаки, управувано од Ф.М.(63) од Штип и патничко возило „фолксваген голф“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Г.К.(30) од с.Каласлари.

По незгодата, двајцата возачи и малолетна сопатничка од с.Каласлари во возилото „фолксваген голф“ биле пренесени во болницата во Велес, каде на Ф.М. му биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај Г.К. и сопатничката биле констатирани телесни повреди.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Велес.