Македонија
26. August 2020 - 20:53

Се судрија камион и комбајна, повреден е возачот на комбајната

Од 19:45 часот вечерва во прекин е сообраќајот на патниот правец Радовиш – Штип поради сообраќајна несреќа во која учествувале камион и комбајна.

Несреќата се случила во близина на Радовиш, кај селото Тополница, а според првичните информации од СВР Струмица нема загинати, а повреден е возачот на комбајната.

Според портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска полицијата врши увид на местото на несреќата и се очекува собраќајот да продолжи да се одвива по алтернативни патишта.