Македонија
20. January 2019 - 20:20

Се судрија „БМВ“, „Мазда“ и „Мерцедес“, сообраќајка кај п.с. „Пролет“

Сообраќајна несреќа во која учествувале три возила се случила вечерва на крстосницата кај полициската станица Пролет. Автомобили од марките „БМВ“, „Мазда“ и „Мерцедес“ се судриле кај семафорите, а засега нема инфорации за повредени лица.

Како што може да се види на фотографиите, полицијата е веќе на местото на незгодата и врши увид.