Македонија
14. August 2021 - 12:25

Се судрија „БМВ“ и „Мерцедес“ - повредени повеќе лица

Се судрија „БМВ“ и „Мерцедес“ во Велес во незгодата со повреди се здобиле повеќе лица.

- На 13.08.2021 околу 13.15 часот на  локалниот пат за с.Црквино во Велес се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „бмв“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Џ.Б.(51) од с.Горно Оризари, велешко и патничко возило „мерцедес“, со пробни регистарски таблички, управувано од Е.А.(22) од с.Црквино, велешко. Во незгодата со повреди се здобиле двајцата возачи и нивните четири сопатници, додека со тешки телесни повреди се здобила Ф.А.(47) од с.Црквино, сопатничка во патничкото возило „мерцедес“, констатирани во Општата болница Велес, информира МВР.

Увид на местото извршила екипа на СВР Велес.