Балкан
27. јуни 2018 - 14:31

Се стресе Грција, рано утрово земјотрес од 4 степени

Земјотрес со јачина од четири степени по Рихтерова скала е регистриан денеска кај грчкиот остров Лезбос.

Институтот за геодинамика на атинсакта Национална опсерваторија соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на 251 километар североисточно од Атина и 35 километри југозападно од Митилен, на островот Лезбос.

Земјотресот е регистриран четири часа по полноќ. Нема извештаи за евентуалната штета и повредени.