Балкан
9. December 2016 - 14:31

Се стресе Балканот, граѓаните излегоа од зградите

Силен земјотрес со јачина од 5,1 степен по Рихтер попладнево го затресе подрачјето на северозападен Балкан.

Земјотресот ја погоди Хрватска и Босна во 13:58 часот. Епицентарот бил во Јадранското море, на длабочина од 2 км и 16 км северозападно од Сплит, пренесуваат хрватските медиуми.

Како што објавија тие, земјотресот бил со јачина од 5 степени по Рихетр.

Луѓето на социјалните мрежи пишуваат дека земјата добро се затресла.

-Целата зграда се тресеше. Не беше пријатно, јавуваат медиумите.