Македонија
21. јуни 2019 - 16:32

Се стишува епидемијата на морбили, за една недела регистрирани 59 заболени

Се стишува епидемијата на морбили во Скопје. По речиси половина година последното деноноќие за прв пат на Инфективната клиника немале новозаболени пациенти со мали сипаници. За една недела во ИЈЗ биле регистрирани 59 случаи. Според епидемиолозите ова се должи на зголемениот опфат на имунизација која во главниот град  достигна 95 проценти од оние што треба да примат МРП, но во внатрешноста сеуште има над 11 невакцинирани лица.

-Процентот на вакцинација против морбили на територијата на државата е околу 70 проценти, изјави Жарко Караџовски, епидемиолог во ИЈЗ.

Од почетокот на епидемијата со морбили биле заразени околу 1900 лица. 15 проценти имале посериозни компликации, а 4 деца починаа.