Џет-Сет
5. October 2016 - 19:48

Се степале Раста и Ана Николиќ, интервенирала и полицијата

По жестока расправија во нивниот стан на Дедиња, помеѓу сопружниците, раперот Раста и пејачката Ана Николиќ дошло до физичка пресметка по што во нивниот дом интервенирала и полицијата, јавија српските медиуми.

– Денес жестоко се искарале, по што дошло до физичка пресметка. Некој од нив повикал полиција, најверојатно Ана, а по ова сигурно нема да живеат заедно, изјавил извор близок до парот за Пинк.рс.

Братот и менаџер на пејачката не сакал да го коментира настанот, а за потсетување, двојката се венчаше пред само два месеци.